Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди западната турска провинција Измир рано во понеделникот.
Според турските медиуми, земјотресот се случил во 08:46 часот по локално време на длабочина од 20,6 километри, соопшти турскиот орган за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), додавајќи дека епицентарот на земјотресот бил округот Карабурун во Измир.
Како што е дополнително познато, овој земјотрес беше проследен со други четири земјотреси, со јачина од 4,8 и 4,7 степени.
Медиумите објавија дека земјотресот бил почувствуван и во соседните провинции, како и во Лезбос, Грција.
Инаку, Измир е познат по неодамнешните земјотреси, со последниот со јачина од 6,6 степени во октомври 2020 година, што предизвика смрт на 116 лица.