Турција потпиша договор со кинеската фармацевтска компанија „Синовак Биотек“ за набавка на 50 милиони дози вакцина против Ковид-19, соопшти денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Тој додаде дека испораките ќе бидат извршени во декември оваа година и јануари и февруари 2021 година.
– За нас најважно е да почнеме да даваме вакцина која е проверено ефикасна и сигурна, рече Коџа.
The post Турција купува 50 милиони дози кинеска вакцина против Ковид-19 appeared first on TV21.mk.

