Суверена, прозападна Украина, која може да се брани, значи и посилна и побезбедна Полска, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск во врска со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине воената помош за Украина.
„Во политички превирања и растечки хаос, тоа значи најмногу. Кој ја доведува во прашање оваа очигледна вистина, придонесува за триумфот на рускиот претседател Владимир Путин“, напиша Туск на платформата X, пренесе Ројтерс.
Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Павел Врноски, денеска пред новинарите изјави дека Трамп ја донел одлуката да ја прекине помошта за Украина без консултации со своите сојузници.
СЛЕДЕТЕ НЕ: