Поврзи се

Балкан

ТВ21 во живо: Масовни протести во Албанија, запалена зградана на Владата

Обединетата албанска опозиција денеска попладне ќе го одржи, како што го нарекува, четвртиот народен протест пред Владата во Тирана. Протстот почна во 18 часот и 30 минути, а информациите од двете најголеми партии во обединетата опозиција, Демократската на Љуљзим Баша и Социјалистичкото движење за интеграција  на Моника Круемади, протестот е најмасовен досега. И на денешнот протест опозицијата ги повтори веќе познатите барања, заминување на премиерот Еди Рама и формирање техничка влада, која ќе спроведе фер и демократски избори.

За безбедноста ангажирани ќе бидат повеќе од 1.200 полициски службеници од сите сектори кои се распоредени главно пред Владата, но и други значајни институции. Вчера, ден пред протестот, како и претходните, Амбасадата на САД во Тирана, упати апел за воздржаност и искористување на демократското право на мирен протест. Од февруари, кога почнаа до сега одржани се девет протести, од нив шест пред Парламентот, додека три, пред Владата. Претходните протести минаа во насилство, пробиени полициски кордони, многу чадни бомби и тврди предмети фрлани врз полицијата, солзавец и водени топови како одговор на тоа, повреденинајмногу полицајци, оштетени трговски објекти, возила и приведени лица.

The post ТВ21 во живо: Масовни протести во Албанија, запалена зградана на Владата appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com