Твитер конечно прикажува преглед за линковите од Инстаграм

Социјалните мрежи Твитер и Инстаграм конечно ги „закопаа воените секири“ и им го олеснија животот на корисниците.

Корисниците на Твитер повеќе не мора да допираат линк од Инстаграм за да видат што „кријат“ бидејќи социјалната мрежа почна да прикажува прегледи за врските. Ова значи дека кога некој ќе сподели објава од Инстаграм на Твитер, ќе биде видлива слика од она што е на врската. Исто така, корисниците ќе знаат на пр. дали некоја фотографија и друга содржина вреди да се остави временската линија на Твитер

Интеграцијата на фотографиите од Твитер на Инстаграм исчезна во 2012 година, а ниту една од овие две социјални мрежи не покажа силна иницијатива за преглед. Твитер претпочиташе корисниците да објавуваат фотографии директно на својата платформа, додека Инстаграм има јасна намера корисниците да ја користат неговата платформа секогаш кога е можно.

Што доведе до промена на ситуацијата се уште не е познато.