Најбогатиот човек на светот Илон Маск отвори анкета на Твитер за да бара совет од корисниците дали да продаде 10% од своето портфолио во Тесла за да го плати данокот.
„Во последно време се зборува многу дека неостварената добивка е средство за избегнување на данок, па затоа предлагам продажба на 10% од моите акции во Тесла. Ќе се држам до резултатите на оваа анкета, без разлика како ќе заврши“, напиша Маск на Twitter.
Анкетата е отворена за сите корисници на Твитер, каде што тој има 62,5 милиони следбеници. Резултатите веќе се готови, а Twitter заедницата гласаше дека треба да ги продаде своите акции.
Останува да видиме дали тој навистина ќе го плати данокот со продажба на овие 10% или не.
