Македонија

Уапсен 30-годишен велешанец – крадел од црквата „Св. Спас“

Уапсен 30-годишен велешанец – крадел од црквата „Св. Спас“

На 12.12.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(30) од Велес.

Тој бил затекнат при обид да изврши кражба во црквата „Свети Спас“ во Велес.

Исто така, по преземени мерки било констатирано дека тој и претходно, на 10.12.2022, од истата црква одзел пари.

Лицето било задржано во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни