Македонија

Уапсен битолчанец кој управувал возило со 179 километри на час на место со ограничување 80

Уапсен битолчанец кој управувал возило со 179 километри на час на место со ограничување 80

На 04.11.2025 во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(47) од Битола.

При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „јагуар“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 179 километри на час на место каде максимално дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час.

По целосно документирање против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни