Уапсен член на избирачки одбор во Чаир

Член на избирачки одбор бил уапсен денеска на гласачкото место број 2938 во просториите на Основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир, пренесе АлсатМ.

Според информациите од терен, приведувањето се случило за време на паузата, кога лицето излегло надвор да пуши цигара.

Претседателот на избирачкиот одбор на ова гласачко место изјавил дека засега нема официјални информации за причините за апсењето, но потврдил дека изборниот процес продолжил без прекин и гласањето се одвива нормално.

Се очекува надлежните институции да објават повеќе детали во текот на денот.