Свет

Уапсен маж кој се заканувал со бомба на аеродромот во Бризбејн

Денеска еден маж се заканувал со бомба на меѓународниот аеродром во австралискиот град Бризбејн, а подоцна е уапсен.

Од полицијата соопштија дека никој не е повреден, пренесе АП.

Меѓународниот аеродром во Бризбејн е евакуиран и сопрен е сообраќајот на возовите кои одат до аеродромот, и прогласена е вонредна состојба поради тврдење на очевидци дека еден маж рекол дека носи бомба.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни