Акција на полицијата и Основното јавно обвинителство Скопје резултираше со апсење на вработен во Дирекцијата за заштита и спасување, кој е осомничен за примање поткуп.
Според првичните информации, станува збор за раководител во ДЗС, кој наводно барал мито за издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект.
Апсењето го извршиле полициски службеници во координација со ОЈО Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.
Засега не се соопштуваат дополнителни детали за случајот, ниту колкав износ наводно бил побаран. По завршувањето на полициските активности се очекува официјално соопштение од надлежните институции.