Македонија

Уапсен во Врање! 18-годишниот Саит Саитов кој ја прегази Љуба Јаковлеска пронајден во Србија

Уапсен во Врање! 18-годишниот Саит Саитов кој ја прегази Љуба Јаковлеска пронајден во Србија

Саит Саитов (18), возачот кој минатиот месец ја прегази и усмрти 75-годишната Љуба Јаковлеска во скопската населба Капиштец, е лишен од слобода во српскиот град Врање. Веста ја потврди адвокатот Звонко Давидовиќ во вечерашното гостување во поткастот „Претрес“.

Бегство и екстрадиција

Според достапните информации, по сообраќајната несреќа, младиот возач прво побегнал од местото на настанот, а потоа ја напуштил и државата. Се претпоставува дека во бегството му помогнале неговиот татко и други роднини.

Адвокатот Давидовиќ најави дека осомничениот ќе биде екстрадиран од Србија во Македонија, а според неговите сознанија, најверојатно е приведен и таткото на Саитов.

Роднините тврдат: „Не знаевме кого возиме“

Во однос на помагачите, адвокатот пренесе дека роднините кои го пренеле преку границата „Табановце“ тврдат оти не биле запознаени дека Саитов е сторител на тешко кривично дело со смртни последици.

Давидовиќ изјави дека им верува на своите клиенти.

„Мажот работи во Дирекцијата за заштита и спасување и поради потребите на своето дете со посебни потреби често патувал во Србија за набавка на суплементи“, појасни адвокатот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни