На 13.05.2026 во 23:10 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 71-годишна жителка на селото, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 43-годишна снаа.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.