Македонија

Уапсени две лица во Куманово – полиција влегла на приватна прослава во кафуле и начекала пијани малолетници!

Уапсени две лица во Куманово – полиција влегла на приватна прослава во кафуле и начекала пијани малолетници!

Изминатиот викенд во Куманово, полициските службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 24-годишната М.П.(24) од Куманово и М.В.(41) од с.Љубодраг, кумановско.

Имено, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи извршија контрола во угостителски објект во с.Доброшане, кумановско, сопственост на М.П..

За време на контролата биле затекнати 15 малолетници на приватна прослава организирана од М.В., од кои кај 11 било утврдено дека консумирале алкохол.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни