Уапсени три лица за трговија со човечки органи во Косово - 4NEWS.mk
Поврзи се

Балкан

Уапсени три лица за трговија со човечки органи во Косово

Косовската полиција соопшти денеска дека упасила три лица осомничени за трговија со човечки органи и клетки, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во селото Чаглавица, во близина на косовскиот главен град, полицијата вчера уапсила двајца странски државјани и еден косовски Албанец.

– Упасени се двајца мажи странски државјани и еден косовски државјанин – Албанец, под сомневање дека се вклучени во споменатото дело. Полициската единица и здравствениот инспекторат извршија контрола во приватна болница и запленија како доказен материјал копии од лекарски досијеа и друга документација, се вели во полициското соопштение.

По налог на надлежен обвинител, трите лица се однесени во притвор.

The post Уапсени три лица за трговија со човечки органи во Косово appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com