Људмила Павличенко, попозната како Лејди Смрт, е една од најуспешните снајперисти на сите времиња, со 309 потврдени убиства по нацистичката инвазија на Советскиот Сојуз во 1941 година.
Со текот на времето таа стана симбол на борбата против нацистичкиот агресор, а беше поуспешна и поубиствена дури и од нејзините машки „колеги“ кои на почетокот ја потценуваа.
Која е Лејди Смрт?
Родена е во 1916 година во Белаја Церков, гратче во близина на денешен Киев. Првично работела со брусалица, а на тоа место имала можност да се запознае со разни видови оружје кои ја интересирале уште од најмала возраст.
Се запишала на студии по историја на Универзитетот во Киев, а во слободното време се занимавала со стрелаштво.
Втората светска војна ја поздравила во нејзината четврта година на студии, а набргу по инвазијата на германската армија, таа се пријавила да биде снајперист на Црвената армија.
Бидејќи била жена, војниците првично не верувале во нејзините вештини за гаѓање. Бидејќи во тоа време сè уште не примале жени во војска, и понудиле да биде медицинска сестра, но таа решително одбила.
Меѓутоа, со текот на времето, таа успеа да се докаже и била примена во 25-та пушка дивизија, со што стана една од двете илјади жени снајперисти во Црвената армија.
Во август 1941 година била унапредена во постар наредник, кога убила дури 100 непријателски војници.
Го сакала снејперот повеќе од мажите
Храбриот снајперист се борел на првиот фронт за време на битката за Севастопол. Павличенко за време на битката била ранета четири пати, а во јуни 1942 година минофрлачка граната ја погодила во лицето.
Со текот на времето, таа се здобила со повисоки чинови, опкружена со главно мажи чие додворување таа решително го одбивала. Рекла дека љубовните врски не се за неа.
Меѓутоа, кога го запознала Украинецот Алексеј Аркадиевич Киженко на фронтот во Севастопол, не можела да одолее.
Тие живееле во трошна зграда наменета за сместување на војската. Понекогаш се бореле заедно и се грижеле еден за друг, но Киженко беше убиен од шрапнел. По неговата смрт, таа повеќе не помислувала да се врзува за некој друг.
Изгледала како модел
Људмила станала еден од симболите на борбата против нацистичкиот агресор и затоа надредените ценеле дека нејзиниот живот е премногу скапоцен, како и нејзината стрелачка вештина.
Беше одлучено дека може повеќе да и помогне на Црвената армија како инструктор за стрелање и набрзо беше повлечена од бојното поле.
Како добро позната личност во војната, Павличенко стана дел од пропагандата што ја користеше Црвената армија, па затоа и се плашеа германските војници ширум Источниот фронт.
Германците дури отидоа дотаму што и се обратија лично преку звучници, нудејќи и погодности и слатки доколку застане на нивна страна.
“Изгледаше како модел, со негувани нокти, во модерна облека и со убава фризура. Павличенко му кажа на регрутот дека сака да носи пушка и да се бори. Човекот само се насмеа на неа и ја праша што знае за пушките”, пишува на страната soviet-awards.com.
Најуспешниот снајперист на сите времиња
На крајот на војната, таа беше меѓу 500-те преживеани снајперисти и без сомнение беше најуспешна – убила дури 309 германски војници, од кои многумина беа и самите снајперисти, како и Лејди Смрт.
Денес, неколку децении по нејзината смрт, историчарите сè уште расправаат дали таа навистина пукала најдобро од голема далечина или најдобар снајперист бил Русинот Василиј Зајцев.
Тој ја доби титулата најуспешен снајперист за време на Втората светска војна, за време на битката кај Сталинград, бидејќи уби 225 непријателски војници и офицери од 10 ноември до 17 декември 1942 година.
Иако Зајчев бил врвен снајперист, експертите тврдат дека една жена била подобра од него.
По војната завршила факултет, се посветила на синот и мајка си и останала во Москва.
Во периодот од 1967 до 1972 година, преселувајќи се од Москва во Севастопол, ја напишала својата автобиографија „Госпоѓа Смрт: Сеќавања на снајперистот на Сталин“.
Нејзината фасцинација со Сталин е очигледна од нејзината биографија, но во книгата најмногу пишувала за оружје и воени операции, а мудро ги избегнувала проценките на државниците.
Нејзиниот необичен живот е преточен во филмот „Битка за Севастопол“ на Сергеј Мокрицки, во кој е опишан животот на советската хероина од нејзините студентски денови до нејзината смрт.
