Балкан

Убеден сум дека ќе ја победиме короната

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на гостувањето на националната телевизија РТС рече дека е оптимист дека земјата ќе издвои победа над коронавирусот.

„Сигурен сум дека ќе го победиме коронавирусот, и покрај тоа што имавме тешки денови“, рече српскиот претседател.

„Оптимизмот го темелам на нашата дисциплина, одговорност, борбеност, во желбата да ја победиме оваа болест и во вакцината. Србија се снаоѓа и ќе се снајде и верувам дека нема да биде во другата половина на земји кои ќе обезбедат вакцини“, изјави тој.

Вучиќ додаде дека е горд на болницата во Батајница, која утре ќе ги прими првите пациенти.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни