Поврзи се

Свет

Убиена советничката за култура во авганистанскиот Парламент

Непознати напаѓачи ја убиле денеска во Кабул поранешната новинарка и актуелна советничка за култура во авганистанскиот Парламент Мена Мангал, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими.

Тој истакна дека Мангал била убиена додека одела на работа, а напаѓачите побегнале од местото на злосторството.

Полицијата веднаш започнала истрага, а засега никој нема преземено одговорност за нападот.

Полицијата во Кабул соопшти дека не е познато дали станува збор за терористички напад или убиството е резултат на личен спор.

МИА

The post Убиена советничката за култура во авганистанскиот Парламент appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com