Тинејџер со нож повреди наставник и шест ученици во Загреб, од кои еден починал, јавува ХРТ. Нападот се случил во основното училиште Пречко во Загреб, а според неофицијални информации напаѓачот се повредил и самиот.
Седум лица се повредени, меѓу кои пет деца, пренесува Вечерњи лист.
Според Дневник.хр, некои деца биле изнесени од училиште, а дел од нив се уште се во зградата. Студентите и вработените се во шок, многумина во солзи.
На местото на настанот има многу полиција и најмалку шест возила на брза помош, јавува порталот.
Снимен е и хеликоптер како слетува на училишното игралиште.
Полицијата засега не соопштува никакви информации. На N1 рекоа дека чекаат повратна информација од теренот.
Луѓето на социјалните мрежи пишуваат дека децата избегале низ прозорецот.
