Сонцето грее, но не и за семејството Ајдини од Шишево. Во селото се чувствува болката и несигурност кај селаните. Тие не сакаат да зборуваат пред камера, но велат дека Ајдин Ајдини бил добро момче. Убиецот се уште е на слобода велат од Јавното обвинителство, бидејќи се уште никој не поднесол барање за кривична пријава против него.
„Основното јавно обвинителство Скопје се бара да издаде наредби за вештачење на пронајдените траги на лице место, за прибавување на листинзи од неколку мобилни телефони и записи од видео надзор. До Основното јавно обвинителство Скопје до овој момент не е поднесена кривична пријава против сторителот“ – ОЈО.
Од МВР велат дека против истиот убиецот и во 2014 година и во декември 2018 година има поднесено кривични пријави до Јавното обвинителство за носење оружје но тој се уште е на слобода.
„Таа постапка наместо да заврши со притвор оди по редовна постапка и тој е на слобода. Постојат многу вакви активности и тоа покажува дека мора системот да јакне. МВР не е безбедноста во државата сама по себе, МВР сме сите ние. Безбедноста во државата сме сите ние. Граѓаните и другите институции треба да преземат мерки од сопствена надлежност ако сакаме да бидеме ефикасни“, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.
Во 2018 година имало 18 убиства од кое едно не е расчистено. А неделава за еден викенд се случија 3 убиства по едно во Скопје, Тетово и Гостивар. На прашање колкав е бројот на нелегално оружје во државата, министерот Спасовски посочи дека има многу претпоставки, но е многу тешко да се утврди таа бројка, посебно по конфликтот во 2001 година. Тој додаде дека организирале неколку акции за доброволно предавање на нелегалното оружје, но и можности за легализација на оружјето.
РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА