Breaking Бендот „Тотсакан“ загуби 3 члена во пожарот во клубот во Бангкок
Македонија

Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка

Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка

Семејна расправија во Скопје заврши со трагичен исход, откако 52-годишен маж починал од убодни рани, а неговиот 31-годишен син бил лишен од слобода под сомнение дека го извршил делото, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полициските информации, инцидентот се случил синоќа околу 22:35 часот во семејниот дом на подрачјето на Полициската станица Бит Пазар. Како што е пријавено, 52-годишниот Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга.

Во обид да ја заштити својата мајка, нивниот 31-годишен син Б.Џ., според пријавеното, со нож му нанел повеќе убодни рани на таткото. Од здобиените повреди, 52-годишниот маж починал.

Полициски службеници од СВР Скопје околу 23 часот го лишиле од слобода осомничениот, додека повредената 54-годишна жена била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била укажана лекарска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни