„Убив 15 луѓе, сега ќе ве убијам и вас”: Овие зборови ги изговорил убиецот од Цетиње пред да ѝ пука во глава на сопствената сестра!

„Убив 15 луѓе, сега сте вие на ред!“, наводно рекол Ацо Мариновиќ (45) на 1 јануари, кога пристигнал во семејната куќа на својата сестра Зорица Вулетиќ (42) во Цетиње. Претходно, во кафеана и на уште неколку локации убил 11 луѓе и ранил четворица.

Според медиумите, убиецот ѝ пукал на својата родена сестра во глава во ходникот на куќата, пред очите на четири деца, нејзиниот сопруг, деверот и неговата сопруга.

– Откако Ацо Мариновиќ ги уби луѓето во кафеана, вооружен упаднал во куќата на Радован Мариновиќ, каде што ликвидирал четворица – Радован, неговата сопруга, синовите близначиња и пријател, додека една жена ја ранил. Не застанал тука, туку отишол на вратата од куќата на својата сестра Зорица, со која претходно ја прославил Новата година – изјавува соговорникот и опишува што се случило во куќата на Зорица:

Страшна драма

– Наводно, не ѕвонел, само влегол и ја повикал Зорица. Таа се појавила во ходникот, а тој ѝ рекол дека убил 15 луѓе. Таа го прашала: „Зошто, Ацо, зошто, Ацо?!“, а тој, наводно, ѝ одговорил: „Сега ќе ве убијам и вас!“

Во домот на Вулетиќ, каде што во тој момент биле Зорица, нејзиниот сопруг, нивните близначиња, како и деверот со сопругата и нивните деца, потоа следела страшна драма.

-Кога слушнале дека се заканува, сопругот на Зорица и деверот истрчале во ходникот, но Зорица застанала пред нив. Сакала да ја смири ситуацијата и да го задржи братот, но за жал, не успеала. Тогаш убиецот изјавил: „Знаеш ти зошто!“ и повлекол чкрапалото. Ѝ пукал директно во главата – тврди еден жител на Цетиње и додава:

-Потоа излегол од куќата и побегнал. Несреќниот сопруг на Зорица се обидел да ја спаси, но залудно, таа веднаш починала. Нема спас за неа. За да биде ужасот уште поголем, децата на деверот виделе како Ацо ја убива Зорица, нивната стрина. Доживеале шок, свесни се за сè, и тоа е страшно.

Близначињата премали за да ја запомнат трагедијата

Близначињата што Зорица Вулетиќ ги родила пред шест месеци се премали за да ја запомнат трагедијата што ги снајде.

-Ова е затемнување на умот! Со денови се прашуваме што можело да го наведе да ги убие своите најблиски луѓе – заклучува жителот на Цетиње.

Убиени и децата

Да потсетиме, Ацо Мариновиќ во кафеаната „Велестово“ ги уби Мирко Вулетиќ (42), Марко Мариновиќ (38), Бранко Мудрашу (60) и Радован Марковиќ (70), додека ги ранил М. В., Д. К. и А. М. Крвавиот пир го продолжил, убивајќи членови на семејството Мариновиќ и Јошо Оташевиќ, а потоа и момчињата Јован (14) и Вукан Вулетиќ (9) на прагот од нивната куќа. Успат ја убил познаничката Драгана Драшковиќ (53), а на крајот ја ликвидирал и својата сестра. Откако полицијата го опколила, си пукал во главата и починал.

Убиецот славел со жртвите пред масакрот

На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледа како Ацо Мариновиќ седи во кафеаната „Велестово“ во Цетиње. Наводно, видеото било снимено само еден час пред крвопролевањето. На него се гледа како Мариновиќ седи на маса во близина на шанкот, се смее и пие, додека околу него, во празнична еуфорија, мажи пеат песна од Тома Здравковиќ. На кафеанската маса стои А. М., кој е тешко ранет во масакрот, додека го придржува братот на сопственикот на кафеаната, Мирко Вулетиќ, кој во тој момент исто така стои на столче, расположено пее и игра, подигнувајќи ги рацете.

На друга маса, веднаш до нив, седеле убиениот Милош Мариновиќ и уште двајца мажи, меѓу кои е и Д. К., кој е повреден во крвопролевањето. На видео-снимката се гледа како убиецот изгледа сосема нормално и опуштено, а ништо не навестувало што ќе се случи само еден час подоцна.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното