Македонија

Училишта во Kуманово добиле известување – наместо покачување, 1000 денари „скратени“ плати на класните раководители

За илјада денари, класните раководители од училиштата во Куманово ќе добијат помала октомвриска, ноемвриска и декемвриска плата. Причината е општината нема доволно средства. Неколку наставници од Куманово ја потврдија оваа информација, но се плашат да зборуваат пред камерата, од страв да не бидат избркани од работа.

ТВ21 го посети Куманово. Прашавме неколку директори на училишта дали добиле некакво известување за ова. Како и наставниците, така и тие не сакаат да зборуваат пред камерата.

Еден од нив, сепак прифати. Директорот на училиштето „Бајрам Шабани“ Мустафа Ебиби потврдува дека добиле документ, но како што вели, тој не го потпишал. Според Мустафа, немало жалби од наставниците и такво нешто е во ред бидејќи парите ќе им бидат компензирани на наставниците.

Директорот на гимназијата , Африм Алити, вели дека слушнал за некаков документ и за таква мерка, дека на професорите им се скратени по 1000 денари од платата.

Градоначалникот на општина Куманово, топката ја префрли на Владата. Кога го прашавме зошто општината ќе им ги намали платите на класните раководители, рече дека прв пат слуша такво нешто.

Инаку наставниците кои се класни раководители добиваат додаток од 1100 денари. Побаравме став и од МОН, но од таму се уште немаме одговор дали ќе се спроведе оваа мерка во сите училишта кои гравитираат во Куманово и колку ќе трае.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни