Три основни училишта во Њујорк им забранија на учениците да доаѓаат во костими од оваа серија пред Ноќта на вештерките поради насилна порака што ја испраќаат до јавноста.
Освен комбинезони, тренерки и маски, забранија и носење играчки како пиштоли и пушки, за помалите деца да не се исплашат.
„Squid Game“ е ограничена серија за луѓе кои се согласиле да играат смртоносни детски игри, не знаејќи дека играат за својот живот. Прегледана е над 111 милиони пати и моментално е најпопуларна серија на Нетфликс.
Тие забранија откако директорите на училиштата Фајетвил-Манлиус испратија порака до родителите дека децата во училиштето имитираат верзија на играта за преживување во серијата, објави во вторникот CNY Central.
„Поради загриженост бидејќи играта е насилна по природа, таа е несоодветна за играње на одмор или дискусија на училиште“, се вели во писмото до родителите.
Корејската серија ги полуде гледачите ширум светот, а мислењата се поделени.
Некои сметаат дека учениците ќе бидат лути на директорите на училиштата што ги нарушиле нивните планови за маскирање оваа година. Оние кои веќе купиле комбинезони, тренерки и маски ќе треба да ги стават во плакарот до некоја следна прилика.
За потсетување, „Squid Game“ е приказна за 456 натпреварувачи кои имаат несреќна судбина и им се дава шанса да освојат примамлива парична награда од 40 милиони долари. Никој од нив не знае дека ќе биде заробен во шест рунди игри кои ќе бидат смртоносни. Има само еден победник, а последната епизода создава тензија која има основа за снимање на новата сезона.
