Македонија

УХМР: До вторник постудени утра, натпросечно топло во четврток и петок

УХМР: До вторник постудени утра, натпросечно топло во четврток и петок

Од утре следува период на стабилно време со постудени утра, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР, утре ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови пониска дневна температура до вторник.

Во вторник утринските температури ќе бидат од 6 до 17 и дневните од 21 до 28, а во среда – минималната од 5 до 15 степени и максималната од 25 до 31 степен.

-Од среда температурата повторно ќе се зголеми, позначително во четврток и петок, кога ќе биде натпросечно топло, соопшти УХМР.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни