Македонија

УХМР издаде метео предупредување: Жола алерт фаза поради силни ветрови

УХМР издаде метео предупредување: Жола алерт фаза поради силни ветрови

Денес вдолж поширокото Повардарие и во источните делови повремено ќе дува силен ветер од северен правец (и над 60 km/h).

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претежно сончево со слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 34 степени. UV=9

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. T= 31 °C, P= 984 hPa, U= 25 %, V= 6 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. UV=9

Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни