УХМР информира декацо следните денови во скопскиот регион времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период.
Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно во делови од котлината со пороен дожд и грмежи.
Повремно процесите ќе бидат во форма на невреме со локален интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.