Стабилното и топло време утре ќе биде нарушено во попладневните часови, кога на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност и појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.
Поради големата енергија во атмосферата, локално временските процеси може да прераснат во невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Во текот на утринските и претпладневните часови времето ќе биде претежно сончево и топло, додека нестабилноста се очекува да се зголеми попладне.
Слично време се очекува и во Скопје. Утре ќе преовладува сончево и топло време, но во попладневните часови ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од УХМР предупредуваат дека во одделни делови од Скопската Котлина процесите може да имаат карактер на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и можност за појава на град.
Граѓаните во погодените подрачја се советуваат да бидат внимателни во попладневните часови, особено при појава на силни грмежи и нагло засилување на ветерот.