Македонија

УХМР: Во Скопската котлина дожд, грмотевици, етер и град – слично во Росоман и Градско

УХМР: Во Скопската котлина дожд, грмотевици, етер и град – слично во Росоман и Градско

Северозападен дел на Скопската Котлина е зафатен од нестабилна воздушна маса, од која има поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Процесите во делови од котлината се во форма на невреме.

Слична состојба во моментов има и во централните делови на Македонија. Во Прилепско врнежите се проследени со грмежи, а во околината на Росоман и Градско има можна појава на град.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни