Укинат е имунитетот на седум опозициски пратеници во Националното собрание на Венецуела, што учествуваа во военото и цивилното востание во земјата, против кои е започнат судски процес, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тек е судскиот процес против лицата што учествуваа во военото и цивилното востание кое заврши со неуспех, покренато од страна на група венецуелски војници на 30 април заедно со претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател на земјата.
Основачкото собрание на Венецуела (ANC), кое е надлежно законодавно тело на државно ниво, позитивно одговори на барањето на Врховниот суд за правда (TSJ) на Венецуела за укинување на имунитетот на седум пратеници кои играле улога во настаните во оваа земја.
The post Укинат имунитетот на пратениците кои учествуваа во обидот за пуч во Венецуела appeared first on ТВ21.