Украина ги објави загубите на руската армија

Украинскиот Генералштаб објави информации за загубите на руската армија во периодот од 24 февруари до 13 април.

Според него, загинаа 19.800 војници од руската армија која ја напаѓа Украина, уништени се 158 руски авиони, 143 хеликоптери, 739 тенкови, 1964 оклопни возила, 358 топови, 115 системи за лансирање ракети и 64 системи за противвоздушна одбрана.

Руските сили загубија и 1.429 возила, 7 бродови и лесни глисери, 76 возила со гориво и 132 беспилотни летала.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана на 25 март, беше објавено дека 1.351 руски војник загинале во Украина.