Свет

Украина: Престануваме да извезуваме струја

Украина: Престануваме да извезуваме струја

Украинското Министерство за енергетика денеска соопшти дека ќе го запре извозот на електрична енергија по утринава огромниот руски ракетен напад врз енергетската инфраструктура.

„Денешните ракетни напади, кои ги погодија термоцентралите и друга инфраструктура за снабдување со електрична енергија, ја принудија Украина од утре да го прекине извозот на електрична енергија со цел да го стабилизира сопствениот енергетски систем“, се вели во соопштението на украинското министерство.

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко изјави дека утринава нападот врз енергетскиот систем е „најголем во текот на војната досега“.

Во телевизиско интервју, тој рече дека руските ракетни напади „на целиот наш синџир на снабдување беа извршени на таков начин што ќе го отежнат префрлањето на други извори што е можно повеќе“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни