Украинскиот Генералштаб објави информации за загубите на руската армија во периодот од 24 февруари до 15 април.
Според тоа, загинаа приближно 20 илјади војници од руската армија која ја напаѓа Украина, уништени се 163 руски авиони, 144 хеликоптери, 756 тенкови, 1976 оклопни возила, 366 топови, 122 системи за лансирање ракети и 66 системи за противвоздушна одбрана.
Руските сили загубија и 1.443 возила, 8 бродови и лесни глисери, 76 возила со гориво и 135 дронови.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана на 25 март, беше објавено дека 1.351 руски војник загинале во Украина.
