Свет

Украина започна истрага за повеќе од 122.000 можни случаи на воени злосторства

Украина започна истрага за повеќе од 122.000 можни случаи на воени злосторства

Од почетокот на руската инвазија, Украина започна истрага за повеќе од 122.000 можни случаи на воени злосторства, изјави украинскиот државен обвинител Андриј Костин.

Според него, идентификувани се 511 сторители на злосторства, а во украинските судови биле изречени 80 пресуди, од кои повеќето во отсуство.

Украинските и западните власти тврдат дека имаат докази за руски убиства, егзекуции, бомбардирање на цивилна инфраструктура, присилна депортација.

Се очекува бројот на воени злосторства да се зголеми, изјави Костин за Ројтерс во Берлин, за време на конференцијата за меѓународното кривично право.

Костин изјави дека во документирањето и истрагата на злосторствата и гонењето на сторителите, потребна е помош од меѓународната заедница, иако 99 отсто од случаите ќе бидат процесуирани во Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни