Украински блогер снимил како изгледа ноќниот живот во Киев за време на војната

Блогерот Антон Птушкин, кого на Јутјуб го следат 267.000 луѓе, сними видео за актуелниот живот во Киев. Шеташе низ градот и рече дека се чувствувал како да е во паралелна реалност додека шетал низ урнатините на разни продавници и аптеки кои ги посетувал последните десет години.

Антон интервјуираше луѓе кои се кријат во тунели во метрото, во разни подруми, но и во ноќни клубови каде пијат и танцуваат за да се релаксираат во овие времиња.

Се вчитува...

 

Посетил и болница каде сретнал деца кои биле повредени и чии родители починале штитејќи ги.

Видеото на Јутјуб набрзо се прошири на социјалните мрежи. Твитерџиите пишуваат дека видеото на Антон е навистина важно и поучно.

Патем, многу други украински јутјубери и тикери на социјалните мрежи често објавуваат видеа од нивната татковина. Тие му покажуваат на светот како живеат по руската инвазија.

На пример, една Украинка на ТикТок објавува видеа од засолниште каде што се крие со нејзината мајка и татко секој ден.

„Мојот типичен ден во засолништето“, „Како мајка ми готви во засолништето“, „Вака изгледа еден украински ден по пет дена руски напади“, се само некои од насловите на нејзините објави.