Руските сили „повторно го вртат ножот“ кон Киев, изјави за Sky News Асами Тераџима, новинар на украинскиот Киев Индипендент.
Тераџима, која живее во близина на центарот на Киев, изјави дека утрово ја разбудила вревата од зградата во која живее. Таа наведува дека утринава ракетниот напад врз Киев е „најблискиот напад врз центарот на Киев“ што некогаш го видела, а сцените на улицата ги опиша како „вознемирувачки“.
„Бев во Киев на почетокот на инвазијата, но никогаш не сум доживеала вакво нешто“, рече таа.
„Улиците се доста празни, може да има уште напади“
„Ножот повторно се врти кон Киев, градот во кој се вратија повеќето луѓе кои заминаа на почетокот на војната“, рече таа.
Тераџима рече дека повеќето граѓани останале дома по нападите утринава, додавајќи дека „улиците се прилично празни“ и дека многу кафулиња не се отворени.
„Јавниот превоз работи спорадично, луѓето се свесни дека може да се случат нови напади за неколку часа и затоа се дома“, рече таа.