Амбасадорот на Украина во Германија, Андриј Мелник, на Твитер објави слика од полжав со залепен куршум, исмевајќи ја германската влада за одложување на воените испораки.
„Германското оружје за Украина е веќе на пат. Само што ме зграпчи член на владата во Киев. Па, Русија не смее да ја добие војната“, напиша Мелник.
Потсетуваме, Германија не сакаше да испрати оружје во Украина, поради што Киев со недели ја критикува најсилната земја од ЕУ.
Германија го промени ставот и одобри испорака на оружје за Киев, а според последните најави од Берлин првите 15 тенкови „Гепард“ треба да пристигнат во Украина во јули.
„Гепард“ има два топа од 35 милиметри и се користи во борба против авиони и хеликоптери на височина до 3.500 метри, како и против лесно оклопни цели на земјата, објави Дојче веле. Тоа значи дека може да се користи и за одбрана и за напад. Гепардот, сепак, не би имал никакви шанси против борбен тенк, бидејќи неговите топови се релативно мали во калибар.
Има радиус на движење од околу 550 километри, а може да се движи и низ вода, без посебна дополнителна опрема.
„Гепард“ се произведува од 1976 година, а она што е важно за мисијата во Украина е што оружјето „Гепард“ е развиено, меѓу другото, и за борба против оклопните напаѓачки хеликоптери, како што е советско-рускиот Ми-24.