„Порталот“ за визуелни уметности во Њујорк кој континуирано се емитува во живо за да ги поврзе њујорчани со нивните пријатели во Даблин, Ирска, привремено ќе биде затворен по несоодветно однесување на некои граѓани.
Уметничка скулптура која наликува на „Ѕвездената порта“ што ги поврзува двата града се наоѓа на аголот на 23-та улица и Петтата авенија во Менхетен и им овозможува на луѓето во Даблин да видат што се случува во Њујорк во реално време и обратно. Луѓето веднаш се поврзаа со размена на поздрави и пораки, објави WYNW.
„Имаше интеракција од околу 0,1 процент што вклучува некои пораки со омраза, некоја голотија и тоа го уништува искуството за секого“, рече Џејмс Метам, претседател на Flatiron Nomad Partnership, кој управува со порталот.
„Ние тесно соработуваме со тимот на порталот и Градскиот совет во Ирска за да најдеме начини да се увериме дека можеме да продолжиме да го покажуваме ова. Огромното мнозинство навистина ужива во фактот што можат да ѕирнат во друг град како овој“.
Поради лошото однесување, Градскиот совет на Даблин најави промени во начинот на кој функционира инсталацијата.
„Иако не можеме да ги контролираме сите овие дејствија, ние спроведуваме некои технички решенија за решавање на овој проблем“, се вели во соопштението на Советот, пренесува Фокс њуз.
„Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата во наредните денови со нашите партнери во Њујорк за да се осигураме дека порталите ќе продолжат да обезбедуваат позитивно искуство и за градовите и за светот“, додаде Градскиот совет на Даблин.
Структурата беше затворена во неделата откако манекенката и ѕвездата на OnlyFans блеснаа со градите пред порталот, објави The New York Post.
„Мислев дека жителите на Даблин заслужуваат да видат два њујоршки домашни компири“, рече Ава Луиз во видеото што го објави на Инстаграм, на кое се гледа како крева маица пред порталот.
