Уметниците во Шведска (171 од нив), преку писмото кое го објавија во локалните весници, изразија поддршка за бојкотирање на 64. издание на Евровизија, кое ќе се одржи во Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ние, 171 уметник, режисер и продуцент од Шведска, бараме да се бојкотира Евровизијата која ќе се одржи во Израел“, се вели во писмото објавено во сите весници низ земјата, вклучувајќи ги и најголемите „Афтонбладет“ (Aftonbladet) и „Експресен“ (Expressen).
Во писмото се укажува на прекршувањата на човековите права од страна на Израел.
„Сѐ додека Израел ги игнорира основните човекови права и слободи на Палестинците, на ниту еден начин нема да учествуваме во културна размена со Израел и нема да ги поддржуваме културните активности кои ќе се организираат во Израел“, се вели во ова писмо.
The post Уметниците во Шведска со апел за бојкотирање на Евровизијата во Израел appeared first on ТВ21.