Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ Азиз Положани, потпиша меморандум за соработка со Здружението „Француско – албанско пријателство“. Според Положани, овој меморандум на универзитетот ќе му донесе доста придобивки.
„Се надеваме дека овој меморандум ќе биде добра основа за доброто на нашите студенти и педагози, да придобиеме искуства и да градиме знаења, со целиот потенцијал што го има Женева и можностите и потребите што ги имаме ние“, изјави Азис Положани, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“.
„Се чувствувам почестен. Постигнат е историски договор во центарот на Албанците во Скопје. Универзитетот „Мајка Тереза“ за нас преставува капитал“, изјави Тахир Шабани, претседател на Здружението „Француско-албанско пријателство“.