УНЕСКО: Нотр Дам не мора да биде како порано

Реновирањето на катедралата Нотр Дам во Париз мора да ги заштити универзалнтие вредности, но не мора да биде како што била, порачуваат од УНЕСКО после состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон.

Претставниците на УНЕСКО укажале дека се подготвени да помогнат во обновата, особено со пружање на експертска помош.

Генералната директорка на УНЕСКО Аудреј Азоулај рече дека мора да се почитува „интегритетот и автентичноста“ на споменикот, затоа што е дел од светската култура.

Францускиот претседател истакна дека за пет години ќе биде обновена катедралата, меѓутоа експертите сметаат дека ќе биде потребно многу повеќе.

The post УНЕСКО: Нотр Дам не мора да биде како порано appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21