Вонредната инспекциска акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откри сериозни пропусти во македонските маркети. За само четири дена, инспекторите напишаа 22 казни во вкупна вредност од приближно 40.000 евра.
Контролите, кои се спроведоа во период од 13 до 16 јануари, опфатија вкупно 188 маркети и хипермаркети на целата територија на државата.
Што јадеме? – Заплени на расипано месо и млечни производи
Најзагрижувачкиот дел од извештајот се однесува на безбедноста на производите.
- Во 14 маркети била затекната храна со изминат рок на траење.
- Како резултат на ова, одземени и нештетно уништени се над 253 килограми небезбедна храна, која вклучува месо и преработки, млечни производи и кондиторски производи.
Хигиената под нивото
Покрај расипаната храна, инспекторите откриле и низа други прекршоци:
- Кај 6 маркети е утврдено дека немаат имплементирано процедури за Добра хигиенска пракса.
- Во 2 маркета вработените немале санитарни книшки.
Опомени за декларации
Кај 10 оператори, инспекторите констатирале полесни повреди, како што се неселектирани разладни уреди или нечитки декларации на производите, за што биле изречени само мерки опомена.
