Ако сакате слатки и солени деликатеси од тесто – меки, панцероти, лепчиња, кифлички, кроасани, бисквити, а мрзите да ги месите често, имаме одличен рецепт за вас!
Станува збор за универзално тесто кое е совршено меко и вкусно, а може да се користи за бројни специјалитети – од леб, колачи до разни кифлички.
Исто така е многу практичен бидејќи може да остане во фрижидер и до една недела, па можете да го земете доколку е потребно и да направите што сакате!
Потребни состојки:
- 1 кг брашно
- 1 прашок за пециво
- 2 лажички сол
- 2 лажички шеќер
- 250 дл млеко
- 1 пакување свеж квасец (50 g)
- 2 чаши јогурт
- 3 јајца
- 2 чаши масло
Подготовка:
Соединете ги сите состојки и измешајте во голем сад. Изматете го мекото тесто и ставете го во најлонска кеса која претходно сте ја намачкале со масло.
