Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: Линеарниот акцелератор по осум години успешно ставен во употреба

Акцелераторот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, кој беше набавен пред осум години, сега е успешно монтиран и ставен во употреба за пациентите, информираат од Клиниката.

Тие објаснуваат дека пред активирањето на акцелераторот се спроведени бројни подготвителни активности, вклучувајќи комплетна реконструкција на бункерот. Била набавена нова опрема, стабилизатори за напон, имобилизациска опрема, како и извршени комисионирања на апаратот. Покрај тоа, инсталиран е нов мебел, системи за мониторирање на пациенти и завршени се сите фази на инсталација, мерења и калибрација на системот пред пуштањето во употреба.

„Со новиот акцелератор, клиниката сега располага со вкупно 4 линеарни акцелератори, кои ќе се користат за третмани на онколошки пациенти. Дополнително, со оваа набавка, се воведува нов метод – SRS радиотерапија, што ќе ги покрие сите аспекти на радиотерапевтскиот третман“, се вели во соопштението од Клиниката.

Методата SRS, која досега беше достапна само во странство, сега ќе биде на располагање на пациентите на Клиниката.

Од Клиниката исто така нагласуваат дека во моментов сите пациенти добиваат висококвалитетна радиотерапија, во согласност со европските стандарди.

Со ставањето во функција на оваа нова опрема, значително се зајакнува капацитетот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и се намалуваат времињата на чекање за третмани.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното