Кујна

Урми во чоколадо

Урми во чоколадо

Рецепт за мали, слатки залаци кои брзо исчезнуваат од чинијата.

Состојки:

– 300 гр пире од урма

– 1/2 чаша мелени ореви

– 1/2 шолја кокосово брашно

– 200 гр мелени бисквити

– 250 гр млечна чоколада

*чаша од 200 мл

Подготовка:

Пире од урми ќе се добие со мелење во блендер за да станат кремасти.

Потоа додадете ги оревите и кокосовото брашно.

Додадете бисквити за смесата да биде малку поцврста.

Ако текстурата не е мазна, можете да додадете неколку капки сок од портокал.

Од смесата формирајте урми, па потопете ги во растопено млечно чоколадо.

Декорирајте по желба.

Пријатно!

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни