Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Европската унија е подготвена да ги брани своите интереси со пропорционални контрамерки на тарифите што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по телефонскиот разговор со британскиот премиер Кир Стармер.

Таа најави дека ЕУ ќе соработува со своите партнери за да ја постигне оваа цел, пренесува Ројтерс.

Фон дер Лајен истакна дека 27-те земји-членки на ЕУ се посветени на блиска соработка со Велика Британија во областа на безбедноста и одбраната и изрази загриженост за Русија, која, според неа, ги попречува мировните напори во Украина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното