Уште две тела извлечени од одводнатите води од страна на австралиските власти при чистењето по поплавите кои целосно ја погодија североисточната сојузна држава Квинсленд, соопшти полицијата.
– Телата ги најдовме околу пладне и веќе се идентификувани, се наведува во соопштението,
Во текот на вчерашниот ден евакуирани се 1.100 луѓе, а на улиците се забележани крокодили и змии.
Хидрометеоролозите предвидуваат и натаму дожд во таа област, а се очекува да расте и нивото на водата во реката Рос.
Австралија е погодена од катастрофални поплави, по високите температури што ја зафатија во овој период.