Свет

Уште еден штрајк предизвикува транспортен хаос во Франција

Уште еден штрајк предизвикува транспортен хаос во Франција

Франција денеска се соочува со уште еден ден на транспортен хаос поради новиот национален штрајк против планираните пензиски реформи во земјата, јавува Асошиетед прес.

Француските железници ги советуваа жителите на земјата да останат дома бидејќи многу регионални возови нема да сообраќаат. Прекините почнаа синоќа, но не ги засегаат брзите возови „Еуростар“ и „Талис“ што ја поврзуваат Франција со Белгија, Холандија и Велика Британија.

Движењето во Париз и регионот е сериозно погодено, проблеми има и на внатрешните брзи линии, како и на линијата „Лирија“ со Швајцарија, соопшти СНЦФ.

Владата засега нема намера да отстапи од плановите за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, а синдикатите планираат нови протести. Премиерката Елизабет Борн во текот на викендот инсистираше на тоа дека намерите на владата „не се преговараат“ и дека опозицијата во парламентот и синдикатите ќе се обидат да докажат дека не е во право.

Предлог законот вчера се расправаше на собраниска комисија, а на 6 февруари треба да се расправа во пленарната сала. Нејзините противници поднесоа 7.000 предложени амандмани, кои дополнително ќе го отежнат неговото донесување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни