Свет

Уште една европска земја ги одби Американците: Не им е дозволено да ја користат нејзината воздухопловна база

Уште една европска земја ги одби Американците: Не им е дозволено да ја користат нејзината воздухопловна база
ФОТО: 4news.mk

Италија одби да им даде дозвола на САД за користење на воздухопловната база Сигонела на Сицилија пред неколку дена, соопштија информирани извори, потврдувајќи го извештајот на весникот „Ил Кориере дела Сера“.

Министерот за одбрана Гвидо Кросето ја донесе одлуката откако италијанските власти дознаа за план за лет на неколку американски авиони, кој вклучуваше слетување во Сигонела, а потоа полетување за Блискиот Исток, соопштија изворите, објави АНСА.

Според нив, не е поднесено претходно барање за овластување, ниту пак се одржани консултации со италијанската војска.

Изворите додадоа дека планот бил испратен до италијанските власти додека авионите веќе биле во воздух и дека последователните проверки покажале дека тоа не биле рутински или логистички летови, поради што не биле опфатени со договорот меѓу САД и Италија за користење на бази на италијанска територија.

По почетокот на војната во Иран, премиерот Џорџија Мелони и министерот Кросето изјавија дека САД можат да продолжат да ги користат своите бази во Италија за редовни операции, во согласност со билатералниот договор, но дека секоја употреба надвор од таа рамка мора да биде одобрена од парламентот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни