Свет

Уште една трагедија во светот на фудбалот: Во пожар загинаа 10 млади играчи на бразилски Фламенго

Во пожарот кој го зафати тренинг центарот на фудбалскиот клуб Фламенго, загинаа 10 млади фудбалери, а повредени се најмалку три, соопштија бразилските пожарникари.

Пожарот се случил околу пет часот наутро, а локализиран е во 7:30 во модерниот тренинг центар, со еден блок за сместување кој во потполност е изгорен од пожарот. Во него се наоѓале играчите кои спиеле. „Ројтерс“ соопштува дека центарот бил проширен пред два месеци.

Ниту една жртва не е идентификувана, а познато е дека играчите биле стари меѓу 14 и 17 години. Повредените се пренесени во болница.

Фламенго е еден од најголемите бразилски клубови со најголема база на навивачи.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни